26 годишно момче загина во сообраќајка кај Битола

0
2227

На 02.05.2016 година околу 06.30 часот на магистралниот пат Битола-Ресен се случила сообраќајна незгода во која В.Ј. (26) од Скопје, управувајќи ПМВ „Фиат Стило“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, удрил во заштитните еластични огради од левата и од десната страна и излетал од коловозот. Од здобиените повреди В.Ј. починал на местото на настанот, додека сопатниците Д.К. (24) и В.М. (26) од Скопје, М.Т. (26) и М.З. (21) од Битола и С.Д. (21) од Гостивар, се здобиле со телесни повреди.  Истите по укажаната медицинска помош во  ЈЗУ Ресен, се префрлени во КБ-Битола. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС-Ресен. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.