26 изведби, 10-тина фестивали и 7 награди за Подвижниот музички театар

0
337

Moving music theatre, подвижниот музички театар создава современа музика за театар и танц, современи форми на опера, музички и театарски експериментални изведби.Се изразува со еден музички, артистички видео јазик.

Првиот проект е Дневникот на лудиот, а вториот современиот балет Часови за танц за возрасни и напредни.

Дневникот на лудиот, од премиерата до денес, беше изведена 26 пати, гостуваше на 10-тина фестивали и освои вкупно 7 награди. Гостуваше на Охридско лето, Сплитско лето, МОТ во Скопје, фестивал на алтернативен театар во Загреб, ФЕН во Опатија, Мали сцени во Риека, фестивал на монодрама во Битола, ИНФАНТ Нови Сад, ПУФ Пула, Пургаториј Тиват.

Следниот проект на мзуичкиот театар ќе биде промовиран во декември оваа година.

Продукциите на овој театар се движат низ различни култури, што дава едно духовно и културплошко богатство кое на секој човек му е потребно.Едно од највредните нешта за еден уметник е размената на искуства со различни култури.