27 повредени во несреќата кај Велес

0
742

27 лица се повредени откако автобус со 44 патници вечерва околу 19 часот излета во близина на велешката патарина на автопатот кон Скопје. Повредените се пренесени во болници во Велес и Скопје.

Меѓу повредените има и деца.

Од МВР информираат дека се превртел автобус со скопски регистерски таблички, во сопственост на туристичка агенција.

Автобусот враќал македонски туристи од одмор во Грција.

Сообраќајот на патниот правец Велес – Скопје е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти.

Без коментари