27 убиени во објект на НАТО во Авганистан

0
1356

Бунтовниците нападнале објект на мисијата на НАТО во авганистанската престолнина Кабул при што е убиен еден војник, пренесува а локалната агенција Khaama Press, додека според последните податоци најмалку 27 лица се убиени во бомбашкиот напад врз зградата на академијата на авганистанската полицијата.


Според авганистанската агенција, нападот врз седиштето на НАТО се случил во петокот вечерта кај база на американските војски, но за тоа се дознало во саботата.

Агенцијата наведува дека нападот започнал со експлозија недалеку од аеродромот во Кабул и престрелките продолжиле во следните неколку часа. Тоа беше една од трите силни експлозии кои одекнаа во петокот во главниот град на Авганистан.

Во првиот напад во петокот со камион бомба во Кабул загина 15 лица, а околу 400 беа ранети. Потоа следеше втората експлозија којашто ја активирал талибански бунтовник облечен во полициска униформа на полициската академија меѓу кадетите кои штотуку се вратиле од одмор. Во саботата беше објавена бројка за 27 загинати и 25 ранети полициски регрути.