27 загинати и 75 повредени во експлозија во Анкара

0
501

Најмалку 27 луѓе загинаа, а 75 се повредени во сила експлозија што се случи во вечерните часови во турскиот главен град Анкара, соопштуваат турските власти. Од канцеларијата на Гувернерот на Анкара велат дека експлозијата е предизвикана најверојатно од бомба.

27832golema

Одредени медиуми јавуваат дека станува збор за автомобил бомба кој експлодирал пред автобуска постројка во близина на главниот плоштад во Анкара. При експлозијата се запалиле неколку возила. Областа се наоѓа во близина на владини канцеларии, вклучително и неколку министерства.

timthumb (25)

Врховниот совет за медиуми издал наредба за забрана за објавување на вести и снимки од местото на експлозијата, а забрането е и известување во живо од местото на несреќата. Блокирана се и социјалните мрежи за да не може да се споделуваат информации од несреќата.