29 годишно момче загина на патот Ропотово-Дебреште

0
1276

На 13.08.2016 година околу 18,30 часот на регионалниот пат Ропотово-Дебреште на м.в.„Чаир“ Г.Ѓ.(29) од с.Секирци-прилепско, управувајќи ПМВ„БМВ“ со прилепски регистерски ознаки излетал од патот и се превртел при што истиот починал на самото место, а сопатникот О.М. со телесни повреди бил пренесен е во ОБ-Прилеп, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола.