3,5 милиони доброволци се јавиле во вооружените сили

0
527

Северна Кореја денеска соопшти дека речиси 3,5 милиони работници, членови на партијата и резервисти доброволно се јавиле да и се приклучат на војската во борбата против САД и отпорот против новите санкции на Обединетите нации.

Официјалниот севернокорејски весник „Родонг Синмун“ наведе дека доброволците се јавиле, откако државните медиуми во понеделникот објавија соопштение со кое се осудуваат новите санкции на ОН како одговор на ракетната проба на Пјонгјанг.

plusinfo.mk