3 години од проектот „Да се даде шанса на едно дете“

0
1307

Пред три години започна проектот меѓу Општина Битола, секторот за образование, ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ и шведската организација „Ханд тил ханд“. Членови на организацијата и претставници од шведски училишта беа присутни денес во училиштето „Ѓорѓи Сугарев“.

-Оваа беше плодна соработка, а сега ја прошируваме, на размена меѓу училиштата, изјави Снежана Петровска, советник за образование.snezana

-Задоволни сме од соработката и од резултатите, децата се радосни кога го добиваат оброкот, вели Марија Росенгрен, основач на организацијата „Ханд тил ханд“.marija

Гостите задоволни од она што го видоа во училиштето. Велат дека наишле на ентузијазам, топли професори, но и ученици.

Директорката вели дека овој проект им значи многу.

-Се надеваме дека оваа соработка и понатаму ќе се проширува, вели Загорка Јовчевска, директор на ОУ „Ѓорѓи Сугарев“.zagorka

Проектот „Да се даде шанса на едно дете“ обезбедува оброк за учениците.