3 Мај- Светскиот ден на слободата на медиумите

0
310

Панел дебата по повод 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите ќе се одржи денеска во ЕУ инфо центар во организација на делегацијата на ЕУ во Македонија.

Целта на конференцијата, како што соопштуваат организаторите, е да се отвори дебата за неопходноста на медиумските реформи во земјата преку јакнење на учеството на медиумите, јавната админситрација и цивилното општество.

Панел дебатата ќе се фокусира на улогата на медиумите во градењето на мирно, праведно и инклузивно општество, медиумската писменост, квалитетното новинарство како одговор на лажните вести, како и на трендот на закани кон новинарите.

На Денот на слободата на медиумите,  Македонија спаѓа во оние земји во кои не постојат слободни медиуми, пишува Самостојниот синдикат на новинарите во соопштението до медиумите.

Самостојниот синдикат порачува дека нема да се откаже од  барањата за пристојни плати и подобри услови за работа, вистински плурализам на медиуми и заштита на професионалното и човечко достоинство.