3 златни медали за битолчани на државниот куп по фитнес и бодибилдинг

0
11570

Во Македонија се одржа државниот куп за финтес и бодибилдинг, што го организираа македонската бодибилдинг и фитнес федерација. Селектор на репрезентацијата веќе 4 години по ред е Зоран Лазаровски Паљо, а од Битола учествува Владе Станковски, Борче Стојаноски, Марија Здравеска, кои освоија 3 златни медали.

Натпреварот за Купот на Македонија во Скопје е традиционален и се одржа по 30 пат, а учесниците се натпреваруваа во категориите бодибилдинг, фитнес, бикини-фитнес, боди-фитнес, бодибилдинг класик и физик, за мажи и жени. Притоа немаше ограничување во возраста, односно учествуваа јуниори, сениори и ветерани.

На балканското првенство по финтес и бодибилдинг учествуваше Владе Станковски кој се закити со бронзен медал. Повеќе од разговорот со натпреварувачите во видеото во продолжение.