30 дена притвор за четири лица за терористичка организација

0
545
30 дена притвор  им одреди  Кривичниот суд на 4 лица осомничени дека се бореле заедно со терористите од  Исламска држава. МВР тврди дека тајно биле следени подолго време и имаат сознанија дека учествувале на воените жаришта во Сирија и Ирак. Кривични пријави се поднесени против 7 лица, од нив  двајца се уште се во Сирија, а за 32 годишен скопјанец  МВР нема никакви информации каде се крие.
Деана Недељковиќ- портпарол во МВР-при претресите кои беа извршени беа пронајдени и со потврда одземени следните предмети: пет десктоп компјутери, два лап топ компјутери, 19 мобилни телефони, девет СИМ картички, држач за СИМ картици, девет УСБ стикови, 50 ЦД-ња, мемориски картици, заштитна маска, три патни исправи, маица со натпис на арапски јазик „Исламска Држава е Вечна“.
МВР смета дека осомничените   со военото искуство од ИСИС претставуваат закана за Македонија, но до сега нема информации дека подготвувале терористички напад.
На сите седуммина осомничени ова им е прво кривично дело. Сега се соочуваат со дело во висина од 4 до десет години затвор.  Тие се опфатени во продолжението на акцијата Келија, во која  до сега на затворски казни до 7 години беа осудени 11 лица, кои ја признаа вината  пред да почне судскиот процес. Меѓу осудените беше и имамот од Тутунсуз џамијата , Реџеп Мемиши.