30 луѓе загинаа во автобуска несреќа во Кина

0
412

Најмалку 30 луѓе загинаа во пожар кој избувнал во туристички автобус во кинеската провинција Хунан, јави тамошната државната телевизија.

Системите за видео надзор покажуваат дека во автобусот имало вкупно 56 луѓе кога се случила несреќата рано утрово. Повредените се однесени во болница, а возачот е задржан на сослушување. Причината за несреќата се уште е нејасна.