30-тина изведувачи на јубилејното издание на Д фестивалот

0
139

Подготовките за „Д фестивалот 2015″, еден од најуникатните летни музички фестивали во Македонија, кој оваа година ќе го прослави своето јубилејно петто издание,а е во организација на „Пасворд продукција”,се при крај.Фестивалот ќе се одржи од 17-ти до 19-ти јули во Дојран, а за своите посетители годинава обезбедува и посебен камп простор на автентичното дојранско крајбрежје.Оваа година ќе настапат реномирани музички имиња а фестивалот ќе се одржува на две сцени.Изминатите четири изданија, дел од „Д фестивал” беа бројни музички ѕвезди кои привлекоа повеќе од 14.000 посетители. За јубилејното издание фестивалот ќе претстави повеќе од триесет музички имиња и повеќе изненадувања за посетителите .Кампот ќе биде отворен на 16-ти јули ден пред официјалниот почеток на програмата.Организаторите и оваа година гарантираат најдобра летна фестивалска атмосфера во Македонија.

Неда Маретиќ