30 загинати во експлозија на камион-бомба во Могадишу

0
344

Најмалку 16 лица се убиени утринава во  самоубиствен напад со камион-бомба пред пристаништето во сомалиската престолнина Могадишу.

-Им дадовме помош на 48 ранети лица и изнесовме 16 убиени во експлозијата, изјави директорот на локалната Итна помош, Абдикадир Абдирахман Адем, пренесуваат француските медиуми.

Медиумите јавуваат дека жителите на Могадишу наведувале дека силната експлозија се слушнала во целиот град, над кој се кренал густ чад.

Ова е втор напад на ова подрачје во последните два дена, откако вчера двајца полицајци беа убиени во експлозија на автомобил-бомба поставен  на контролен пункт во близина на престолнината Могадишу.

-Експлозијата се случи на контролниот пункт Синкадир, изјави мајорот на сомалиската полиција Нур Фарах.