300.000 евра казна за Русинот кој ја носеше маица со Путин среде Истанбул

0
665

Димитри Тарасов доби казна од 300.000 евра поради носење на маица со ликот на Владимир Путин на натпреварот помеѓу Фенербахче и Локомотив Москва. Локомотив Москва ќе го казни својот фудбалер Димитри Трасов со 300.000 евра бидејќи истакна маица со ликот на Путин.

Како што се наведува, челниците на клубот се разочарани од потегот на Тарасов во Туркса, кој го осудија а потоа одлучија и да го казнат со рекорден износ во историјата на клубот. Покрај тоа 28-годишниот фудбалер нема да добие бонуси и премии за остварените резултати во февруари.