300 работи за современата уметност

0
332

По 4-ти пат во Битола се одржа фестивалот за литература и аудиовизулени уметности 300 работи Триста во кафе бар Радост.

Првиот ден беше посветен на списанието Магента, односно бројот посветен на ликот и делото на Дејвид Боуви.

Следуваше проекција на филмот Movie на Иво Трајков, а последниот ден беше посветен на промоцијата на Колегиумски Записник #003, во кој се објавени повеќе текстови на колегите на фестивалот, плакати на претстави, извадоци од книги, фотографии.

Фестивалот беше заокружен со колегиумскиот сет.

Годинешното издание на 300 работи Триста, се одржуваше од 17-ти до 19-ти август.