3000 македонски доселеници описменети во Измир, Ајдин и Маниса

0
3178

Македонско-турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк“ од Битола врачи Одлуки за прогласување на први почесни членови на здружението и тоа на доц. д-р Марија Леонтиќ, професор на катедрата по турски јазик на Штипскиот универзитет, автор на повеќе стручни книги и турско-македонски речник и на Слаѓана Јанчева, професор по македонски јазик, која 3 години им предава македонски јазик на иселениците од Р. Македонија во Турција, во градовите Измир, Ајдин и Маниса и до сега, описменила над 3000 лица.

„. Сметавме дека овие две личности дале голем придонес и за таа цел одлучивме тие да бидат почесни членови на нашето здуржение, но и понатаму ќе имаме прогласување на почесни членови на оние кои сметаме дека придонеле во македонско-турското пријателство и соработка. Што се однесува до курсевите во нашиот град што здружението ги одржуваше 4 години за изучување на турскиот јазик, по едногодишната пауза, повторно аплициравме во фондациите и се надеваме дека од месец октомври истите ќе продолжат да се одржуваат“ – истакна Шенол Мемиш, претседател на здружението „Мустафа Кемал Ататурк“ од Битола.

„ Таму живеат многу иселени лица од целата територија на Македонија. Многумина од нив го понеле и јазикот онака изворно од подрачјата од каде што потекнуваат, но помладата генерација воопшто не го знае македонскиот јазик. Досега преку мене се описмениле на македонски јазик над 3000 лица, а мои ученици биле од 7 најмладите па се дури до 73 години највозрасен член. Она што ме радува е тоа што и оние кои немаат никакво потекло од Македонија, сакаат да го изучуваат македонскиот јазик. На почетокот беше тешко затоа што немав стручна литература но благодарение на професорката д-р Марија Леонтиќ од Штипскиот универзитет издадовме македонско-турски речник, разговорник и други дела кои навистина многу ни послужија, а наскоро ќе биде издаден и првиот учебник. Ние овде во Битола оваа година учество зедовме на Балканската колонија на ракотворци преку нашата долгогодишна соработка со здружението Астерион Галери од Битола, и благодарение на сликарот Рамазан Ајкилич од Измир, Турција го профилираше ликот на битолскиот чкембар, битолска легенда, по која и навивачите на Пелистер се нарекуваат чкембари“ – истакна Слаѓана Јанчева, професор по македонски јазик во Измир, Р.Турција.

„Предавам на универзитет во Штип каде што има студенти од различна етничка припадност на катедрата по турски јазик. За потребите на моите ученици досега издадов повеќе дела меѓу кои и македонско – турски разговорник, македонско турски речник и други дела, а наскоро се очекува излегувањето на учебникот по турски јазик. Навистина ми е драго и сакам да се заблагодарам на претседателот Шенол Мемиш што токму ние сме денеска прогласени за почесни членови на македонско-турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк“ од Битола и се надеваме дена нашето членство во ова здружение ќе даде голем придонес во работата на истото“ – изјави професорката д-р Марија Леонтиќ, професор на универзитетот во Штип.

Без коментари

LEAVE A REPLY