35 години детско ликовно студио Св.Кирил и Методиј

0
558

Детското ликовно студио Св. Кирил и Методиј денес одбележа 35 години постоење.

Формирано е на 6 ти октомври 1981 та година, по иницијатива на тогашниот републички комитет за култура и образование. Основната цел на студиото беше и понатаму останува, да ги опфаќа и доизградува младите ликовни таленти од битолските основни училишта и предучилишни установи.

Од година во година ја проширува својата дејност и постигнува се поголеми успеси во својата благородна работа. Далеку најголем успех е меѓународниот фестивал Мал битолски Монмартр и неговите придружни манифестации-меѓународната изложба на детски цртежи Битола, ликовните каравани, летни ликовни школи и слично.

Членовите на студиото редовно и со голем успех учествуваат на речиси сите позначајни сцетски ликовни манифестации и освојуваат голем број на награди и признанија.

По повод 35 годишниот јубилеј, високите признанија од 44-та светска изложба во Лидице, Република Чешка, ги додели амбасадорот на Р.Чешка во Р.Македонија-Мирослав Рамеш.

Во текот на изминатите 35 години низ ликовната школа на студиото, поминале преку 2000 деца.