За прв пат на Монмартарот награди за ликовни педагози

0
484

Детското ликoвно студио Св. Кирил и Методиј, во изминатиов период прерасна во една од најзначајните културни организации која со макотрпна и упорна работа придонесе малиот битолски Монмартр, да прерасне во симбол на детското творештво и еден од основните столбови на културната понуда, не само во Битола туку на поширокиот географски простор во овој дел на Европа.

Оваа година се одбележуваат 34 години од светската изложба и 35 години од малиот битолски Монмартр.

Меѓународното стручно жири од вкупно пристигнати 10.229 творби на конкурсот Битола 2016о за меѓународната изложба избра 817 најуспешни творби.

Доделени се 17 рамноправни награди за колекции на изложбата, 138 златни палети за најдобри поединечни остварувања на изложбата , 228 дипломи за поединечни остварувања.

За прв пат оваа година ќе бидат доделени и 7, 8 признанија на ликовни педагози.

Ликовниот караван покрај во Битола ќе се одржи и во Крушево и Охрид.

Со својата позитивна мисија оваа организација, ги надмина националните граници уште со самото формирање и континуирано ги зачува трајните вредности на детското ликовно творештво и уметноста воопшто.

Свеченото отварање на изложбата и јубилејниот 35- ти Монмартр, ќе се одржи на 23 -ти мај, пред националната галерија Монмартр.