350 автори од 62 држави за 8-то меѓународно графичко триенале

0
128

Меѓународното графичко триенале е најголема ликовна манифестација во република Македонија.
Оваа меѓународна графичка изложба која својот пат го започнува од 1995 год., е со цел да се допрат, да се откријат современите графички збиднувања од и низ сите меридијани .

Овогодинешното графичко триенале оваа година се совпадна со прославата на светскиот ден на музеите.
Свое учество досега имаат земено над 80 држави од цел свет со околу 5 000 уметници.

Graficko_Trienale_-_1.jpg

Меѓународното жири го сочинуваат најистакнатите автори во доменот на уметноста во светот.Оваа година истото беше составено од Паоло Чиампини Италија, Венцеслав Антонов- Бугарија и Владо Ѓорески од Битола.

Целта на музејските едукативни програми е најмладите преку запознавање на природното и културното наследство да ја засакаат музеологијата и археологијата.

Graficko_Trienale_-_2.jpg

Меѓународниот совет на музеите е основан во ноември 1946 година во Париз, на иницијатива на Ч. Џ. Хемлин од САД, кој бил избран за прв претседател на Советот. Целта на ИКОМ е да создаде светска мрежа на комуникација на музејските професионалци од сите специјалности и дисциплини. Меѓународна организација има советодавен статус во Обединетите нации. Денес ИКОМ има над 21.000 членови од 146 земји од светот.
На овогодинешното издание на графичкото триенале, учествуваа 350 автори, селектирани од 62 држави од целиот свет.

Како и секоја година така и оваа најдобрите беа наградени.Гран при то отиде во Јапонија кај Тамајоки Сакутас, специјалната награда од жири кај Милка Вујовиќ од Србија, останатите награди кај националната асоцијација за современа графика Инцисјори од Рим, Фиренца, Венеција, кај Деница Јанева од Бугарија и кај Атанасов Тодорче од Словенија.

Преку ова триенале, Битола е присутна и на други светски манифестации од овој вид.