36 години се во брак, исто толку се под кирија

0
370

Спасеновски Антина и Живко 36 години се во брак, исто толку се под кирија. Тој има 70 години, работел и има пензија, таа има 55 години, работела само 4 години со што не остварува право на пензија. Живеат во една соба за која не плаќаат кирија.

-Немаме дом. Овде живееме  благодарени сопственикот на оваа куќа, кој од сожалување долги ни овозможува да бидеме тука, вели Живко Спасеновски

 Многу години од времето поминато заедно биле болни . Си помагаат еден со друг .


– Боледувам од бронхијална астма, имам алергија, имам проблеми со срцето и со очите, треба да се направам операција а за тоа немам пари. Исто и мојата сопруга е болна. Боледува од слабо срце. Минатата година лежеше на болница, и при преглед и рекоа дека има цироза на џигерот која е последица од заслабено срце. Не е во состојба да работи, бидејќи брзо се заморува. Само јас и помагам колку што можам, рече Спасеновски

Велат пензијата едвај им стигала за храна, лекови и за сметки. Пред нив е уште една зима а пари за огрев немале .

-Немаме пари за огрев, не стига мојата пензија да купам дрва. Одвај ни стига за храна, сметки и лекови. Минатата зима пластични шишина полневме со вода топла, за да се стоплиме, вели Спасеновски

Од надлежните три пати побарале да им го решат станбеното прашање, но до денес одговор не добиле. Преку медиумите алармираат до надлежните да го слушнат нивниот проблем.

Надешта последна умира. За здравјето веруваат дека ќе ги послужи но исто така и посакуваат останатите години од бракот да ги поминаат заедно , но не како кираџии.

Без коментари