Македонија тргнува од Тирана во квалификациите за мундијалот

0
244

Македонија циклусот квалификации за светското првенство во Русија 2018 година ќе го започне со гостување против Албанија. Од разспоредот кој е направен веднаш по вчерашната ждрепка во Ст. Петерсбург, Македонија својот прв меч на домашен терен ќе го одигра против селекцијата на Израел. Квалификациите стартуваат на 5 септември кога ќе го одиграме првиот дуел и тоа на гостински терен со селекцијата на Албанија. Следниот месец на 6 октомври во Скопје доаѓаат Израелците, а само три дена подоцна ќе ја пречекаме и селекцијата на Италија во меч од третото коло во групата.

Без коментари

LEAVE A REPLY