38 години чисти оџаци, работа се помалку

0
776

65 годишниот Садик Боро е еден од шестте оџачари во градот. Веќе од 1977 година чисти оџаци , т.е 38 години своето парче леб го заработува токму од чистењето на оџаци. За својата работа наплаќа 400 денари , но сам како што вели неможе да чисти па мора да ги дели парите со помошникот .Порано, вели дека од чистење на оџаци се заработувало многу повеќе.

– Досега имам исчистено 7 до 8 оџаци, битолчани некако слабо не бараат, изјави Садик Боро оџачар

odzak

Вели дека оџакот треба да се чисти обавезно еднаш годишно а за семејства кои што горат до 20 кубици дрва треба повеќе пати во текот на годината да се исчисти.Се надева дека со почетокот на месец октомври ќе има повеќе работа, бидејќи вели дека вообичаено домаќинствата тогаш ги чистат оџаците
И од ТППЕ во Битола велат дека во пресрет на грејната сезона пожелно е домаќинствата да ги исчистат оџаците бидејќи 80% од пожарите во зимскиот период настанале од неисчистени оџаци

kostadin

-Апелирам до граѓаните обавезно пред почетокот на грејната сезона да го исчистат оџакот, изјави Костадин Поповски, командир на ТППЕ во Битола

ТППЕ во Битола минатата година само во месец јануари имале 25 интервенции каде што бил предизвикан пожар од неисчистени оџаци.

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY