38 лица биле повредени во сообраќајката кај Вардино

0
1282

Не 12, туку 38 лица вкупно биле повредени со сообраќајката која пред два дена се случи околу 7:20 на локалниот пат за с.Вардино, на место викано „Дрениче“ во атар на с.Мургашево, демирхисарско, а не на патот Демир Хисар-Кичево како што имаше првично објавено МВР.

Како што е веќе познато во сообраќајната незгода учестувале автобус и комбе. Според МВР во автобусот се наоѓале 31 ученик од ОУ „Гоце Делчев“-Демир Хисар и четири полнолетни патници. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на комбето. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Битола каде бил задржан на понатамошно лекување.  Во Клиничкиот центар Битола на преглед се јавиле возачот на автобусот и 10 патници, кај кои биле констатирани телесни повреди. Тие по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување. Во Јавната здравствена установа Демир Хисар на преглед се јавиле 26 патници, кај кои биле констатирани телесни повреди и кои по укажаната помош, исто така, биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Демир Хисар.