Академијата за боречки вештини За-Нед-До најдобри во Грција

0
1433

Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” од Битола на покана на Грчката федерација за боречки вештини во периодот од 26 – 27 ноември 2016 година учествуваше на 5-тиот Интернационален и 9-тиот Сегрчки Фестивал за боречките вештини “Мигдониа” 2016-та кој се одржа во Солун а каде учествуваше и нашиот тим кој ја претставуваше Република Македонија при што освои 39 златни и 3 сребрени медали.
Комплетниот состав на македонската делегација од 40 лица ја предводеше основачот на Академијата “ЗА НЕД ДО” и официјален претставник за неколку светски федерации и организации од светот на боречките вештини, Grandmaster Златко Неделковски додека главен тренер на македонскиот тим е трикратнот светски првак во екстремна самоодбрана, Дијана Неделковска.
На денот на добивањето на медалите, За-Нед-До го прослави и својот роденден.