4 филмови на Ехо фестивалот прикажани во Битола

0
389

Секојдневно, илјадници луѓе уживаат во планинските радости, секојдневно таа нечија силна љубов кон природата, креира приказни кои никого не оставаат рамнодушен.

И оваа година настанот кој ја слави природата и планините: планинскиот филмски фестивал „ЕХО”, со селекција од својата програма се дружи со вљубениците во планините и планинските спортови во неколку градови во македонија.

Во соработка со ПСК „Димитар Илиевски – Мурато“ од Битола, Ехо проектираше дел од својата програма во центарот за култура.

Оваа година Ехо со најбогата филмска и презентациска програма до сега.

Во Битола посебно се негува планинарството, па од особено значење за Ехо фестивалот е прикажувањето тука.

Целта на Ехо, е да инспирираат и охрабрат и домашни автори и тие да ги споделат своите приказни и својата вљубеност во природата.

За време на Ехо, за време на планинскиот фeстивал и посетителите имаат можност да скокаат од карпа на карпа, да ги слушаат водопадите и птиците, да се запознаат со растенијата и да ги учат лекциите од природата, пренесени преку прекрасните филмски остварувања. Преку филмовите планинарат, качуваат, скијат, истражуваат пештери, се пуштаат со кајаци по планинските брзаци, летаат носени од планинските ветришта, живеат заедно со авторите низ филмските приказни.