4 години Контра кадар Битола

0
401

Група ентузијасти, активисти, уметници, интелектуалци, љубители на филмската уметност, сите до еден искрени сонувачи, се иницијатори и организатори на дебатното кино „Контра кадар“ – општествено ангажиран настан со филмски проекции проследени со дебати на темите што ги наметнуваат самите филмови.

Април беше роденденски месец, а оваа година одбележаа 4 години постоење.

Една поинаква проекција на Контра Кадар беше настапот на Mnemonic45 и Obohtal, додека во позадина, на филмското платно течеа филмски кадри .

Како дел од дебатното кино е и бесплатната билбиотека.

Дел од роденденските проекции беа и „Светиот Грал“, караванот на Филозофскиот филмски фестивал, на Контра Кадар, со Ванила Скај на Камерон Кроу.

Месец мај е резервиран за нови филсмки наслови.