4 лица повредени во сообраќајка кај Егри

0
1710

На патот кој води кон државната граница со Република Грција, се случи тешка сообраќајна незгода во која четири лица се повредени. Двете возила со македонски и грчки регистарски ознаки се судриле на местото од магистралниот пат каде што се врти за Егри.Македонското возило е марка Шкода октавија.

Според портпаролот на клиничката болница во Битола , таму се пренесени четири лица, од кои три возрасни и едно дете и сите со тешки телесни повреди.Едното лице се наоѓа на интензивна , а останатите на одделението за неурохиргија и на ортопедија. Едно од четирите лица се здобило со повреди на главата, другото со повреди на карлицата а кај третото лице биле утврдени повреди на долните делови од екстремитетите односно со повреди на едната нога.

Екипи на полицијата беа на увид.