4-та модна фотографија на Видановски во италијанскиот Вог фото

0
408

Модна фотографија на младиот битолски фотограф, Владимир Видановски, е објавена за италијанскиот фото Вог.

Фотографијата со наслов “take me” е дел од најновата фото-серија на Владимир, наречена Glitch me а е во соработка со Марина Цигарида и АВОН Македонија.

– Во оваа фотосесија Марина, како главен модел и фокус во едиторијалот, е еден вид на робинка во својот ум, која е заглавена помеѓу реалноста и фантазијата, помеѓу сонот и јавето. Во секоја од фотографиите има едно или повеќе геометриски тела, кои претставуваат нешто недопирливо за неа, нешто по кое таа пати. Што точно значат тие објекти, оставам на гледачите да си одредат-вели Владимир.

Фотографијата која беше прифатена во PhotoVogue на Vogue Italia е прва од серијата и моментално најуспешна и најомилена на Видановски.

За тимот на италијанскиот Вог вели- Едиторијалниот тим кој е задолжен на избирање на фотки кои ќе одат во PhotoVogue имаат око кое е строго ориентирано кон тоа што им треба. Имаат многу критериуми кои треба да ги исполнува сликата, кои на некој начин се ,,тајни”, односно не ги истакнуваат на својата страна. Доколку критериумите се исполнети тогаш таа влегува во твоето портфолио на PhotoVogue. Токму поради тоа оваа слика ми е четврта објавена на страната. Доколку фотографијата е доволно успешна, истата може да ја стават како фото на денот, со што таа станува повеќе забележителна и дава можност да биде видена од повеќе луѓе, па и потенцијални клиенти кои можеби ќе соработуваат со фотографот во иднина. Има многу фотографи што започнале на PhotoVogue па сега веќе фотографираат за самото списание, па се надевам дека еден ден ќе бидам дел од нив .

Без коментари

LEAVE A REPLY