4-то издание на изложбата на олдтајмери во Битола

0
259

Традиционално и оваа година во Битола се одржа изложбата на олдтајмери.
Оваа година е 4-то по ред издание во организација на љубители на стари возила олдтајмер клубот „Retro Freaks” од Битола.
Како и минатата година на која изложба имаше околу 50 тина олдтајмери, така и оваа ,изложбата беше масовно посетена од нашите граѓани како и од многубројни туристи.

Oldtajmeri_Izlozba_-_2_copy.jpg
Клубот Ретро фрикс, е олдтајмер клуб на сопственици и љубители на стари возила: олдтајмери, јангтајмери, custom преработки итн. Формиран е во 2012 година во Битола и засега брои повеќе членови од Битола и други македонски градови.

Oldtajmeri_Izlozba_-_1.jpg
Олтајмер клубот „Retro Freaks” од Битола активно учествува на организираните изложби на олдтајмери ширум државата меѓу кои во Гевгелија, Прилеп, Кавадарци, Скопје.
Изложбата стана традиционален дел од манифестациите на фестивалот, а на неа учество можат да земат автомобили кои се постари од најмалку 30 години.

Неда Маретиќ