40 дела за 6-тата годишна изложба на Фото кино клубот Битола

0
261

23 автори и 40 дела беа претставени на годишната клупска изложба на Фото Кино клубот Битола за 2017-та година, во културниот центар Магаза.
6-та по ред изложба беше по повод 6 години постоење на овој фото кино клуб.

И оваа година помладите автори беа новата движечка сила , кои низ активностите на клубот, бројните работилници, како и со постојана присутност во излагачката дејност, во светот на фотографијата, веќе се градат како препознатливи автори.
Изложбата претставува пресек на работата во изминатата година на повеќе битолски автори фотографи и членови на Фото Кино клубот Битола.

Изложбата ќе биде отворена и наредните денови за сите љубители на фотографијата.

Фото Кино клубот Битола е основан на 1-ви март 2012 година од група на фото аматери ентузијасти и професионални фотографи и претставува отворен клуб за сите љубители на фотографијата и филмот, се стреми за нивно техничко усовршување, следење на современите трендови и подигање на нивото на визуелната култура и уметност.

Голем дел од членовите на клубот учествувале на истакнати фотографски изложби во Македонија и странство, каде постигнале големи успеси освојувајќи бројни награди и признанија. Неколку членови имаат снимено експериментални и документарни филмови со кои освоиле награди на реномирани фестивали. Тоа само го потврдува фактот дека градот Битола е расадник на талентирани фотографи и филмаџии, град со традиција и богата историја на тоа поле почнувајќи од првите мајстори во своите фотоатељеа во 19-от век, па преку првите сниматели на Балканот, денес тие продолжуваат со истата љубов и жар што тие ги имале кон нејзиното величество – фотографијата.

Без коментари