40.000 пингвини умреа од глад

0
513

Цела колонија од 40.000 пингвини на Антарктикот умреле годинава од глад во катастрофален настан кој се повторил веќе втор пат за само четири години, пренесуваат агенциите.

Од цела колонија аделијски пингвини француски научници нашле само две живи младенчиња на почетокот на оваа година. вакви катастрофи не биле забележани во повеќе од 50 години, а најдени се илјадници мртви младенчиња и јајца.

Колонијата доживеала слична судбина и пред четири години, кога ниедно младенче не преживеало. Поради невообичаено големото количество мраз во регионот наречен Аделијска земја, пингвините биле приморани да побегнат дополнителни 100 километри во потрага по храна, што и ја предизвикало годинешната катастрофа. Несреќата е предизвикана од глобалното затоплување кое предизвикало откршување на голема санта мраз која допливала до живеалиштето на пингвините и им го попречил патот до морето во кое се хранат.

Лидерот на францускиот Национален центар за научни истражувања Ив Ропер Кодер изјави: „Количеството на морскиот мраз засега се зголемува и со тоа ја турка областа на изворот на храна сѐ подалеку од колонијата“.

Ој повика на итно прогласување на заштитена морска област и предупреди на заканите од човечките активности како риболовот и туризмот. Следната недела за катастрофата ќе разговараат 24 држави од Европската Унија и ќе го разгледаат прогласувањето на заштитена зона околу Антарктикот.

www.mkd.mk

Без коментари