40 илјади гласачи до 20 август ќе треба да бидат запишани или отпишани

0
431

До 20 август би требало да заврши проверката на близу 40 илјади гласачи за кои, при административната проверка, биле добиени различни податоци, а при теренската проверка верификацијата не била завршена.

Ако овие гласачи не се пријават во предвидениот рок за да ги расчистат сите неправилности во однос на податоците, ДИК ќе има право да ги избрише. Овој список ќе биде објавен на интернет страницата на ДИК. Точната бројка на овие гласачи е 39.502.

ДИК ќе треба јавно да ги посочи и да ги повика овие гласачи да се јават во подрачните одделенија лично или по електронски пат, за да докажат дека имаат избирачко право.

Вкрстените проверки кои ДИК ги спроведуваше пролетва покажаа дека 171.500 лица немаат никаква активност во земјава ­ не плаќаат данок, не користат здравствено и социјално осигурување и не бараат работа, по што беше заклучено дека се во странство. Тие имаат избирачко право, но нивните имиња ќе бидат на посебен список.

До 4 август треба да се формира и договореното ад­хок тело за набљудување на медиумите, 100 дена пред изборите.