40 илјади граѓани ќе треба сами да се пријават во ДИК ако сакаат да гласаат

0
429

Четириесет илјади граѓани за кои по теренската проверка на Државната изборна комисија се покажа дека имаат несоодветени адреси и одамна не ги обновиле личните документи, нема да бидат автоматски впишани во Избирачкиот список, објавуват медиумите.

Меѓу претставниците на партиите во рамки на втората работна група органзирана од ДИК дошло до компромис како да се постапува и со останатите 172.000 гласачи за кои СДСМ се сомнева дека се несоодветно внесени во списоците.

Претставникот од ДУИ, Артан Груби е категоричен дека бришење на избирачи нема да има, а на потег е ДИК како ќе ги реалзиира предлозите на СДСМ.

ДУИ и по првата работна средба најави дека нема да дозволи бришење гласачи од Избирчакиот список со образложение дека од дискутабилните 172 000 повеќе од 100 илајди се етнички албанци. Од ДПА остануваат на ставот дека списокот мора да биде прочистен.