40-то издание на изложбата Народната култура како трајна инспирација во моето творештво

0
246

Во Центарот за култура свечено беше отворено 40 -то издание на државната изложба на детски ликовни творби на тема- Народната култура како трајна инспирација во моето творештво.

Детската креативност 40 години плови низ уметничкиот дух на народната култура, се инспирира и напојува од бесценетите убавини и создава свое уметничко чувство.

Izlozba_-_2.jpg

Секоја детска творба е посебна приказна , инспирација, богатство, посебен дел од мозаикот кој го создадоа новите генерации творци водени од нивните ментори, ликовни педагози.

Izlozba_-_1.jpg

Жири комисијата во состав Весна Дунимагловска, Блаже Павловски и Панде Петровски, ги доделија наградите на најдобрите творби.

Од промовирањето во далечната 1975 до денес низ своите 40 изданија, изложбата ја потврди идејата која ја создаде , ја потврди силата на народното творештво и капацитетот за инспирација што во себе го поседува традицијата , ја поттикна желбата на младите генерации да се инспирираат од своите предци -народните уметници да го продолжат нивното дело во свој сопствен правец адекватен на времето во кое живеат и творат.