400.000 посетители на 13-тото издание на Пиво фест

0
357

Pivo Fest - 2

Тринаесеттото издание на „Пивофест“ беше најспектакуларното досега со околу 400.000 посетители во четирите фестивалски денови.
Фестивалот на пивото и оваа година ги соедини ладното пиво, вкусната скарата и добрата музика.
Пивофест 2015, во Прилеп помина одлично, во весела атмосфера со многу гости.
Не само од Македонија, туку и од соседните Србија, Бугарија, Грција, Албанија, од Босна и херцеговина, од Хрватска го посетија овогодинештно издание на Пиво фест.
Посетители и од Германија, Холандија, Белгија, но и од Австралија и од Америка.
Во паркот на револуцијата, во четирите фестивалски денови, имаше преку 1.200 кампери а забавата беше до раните утрински часови.
Овогодинешниот Пивофест, го отворија Слаткаристика и Љубојна, а потоа следуваше Саша Ковачевиќ.Десетици илјади граѓани, меѓу кои и голем број иселеници од странство,присуствуваа на самото отварање.
Вториот ден публиката се загреваше со настапите на ЗАА и Радио актив, а потоа на сцената се појавија момците од ДНК.
Кулминација на вечерта беше енергичниот настап на култната група Прљаво казалиште.
Наум Петрески со свој настап ја отвори третата по ред фестивалска вечер во Прилеп,за после него да настапат Неда Украден и Оливер Драгоевиќ.