Израелската претстава Нашиот клас пред битолската публика

0
140

Izraelska Prestava - 1

Претставата -Нашиот клас, од Тадеус Слободјанек, копродукција на двата водечки театри од Израел ,театарот Камери од Тел Авив и националниот театар Хабима, балканската турнеја ја започнаа од Македонија и тоа со настапот на фестивалот Охридско лето, како и во рамките на Бит фест-битолско културно лето.

Приказна за еден клас во едно село во источна Полска.

Актерите за прв пат гостуваат во Македонија.Izraelska Prestava - 2

Претставата дава храбар поглед на она што се случило, го остава гледачот без здив, длабоко потресен, додека се идентификува со она што се случува на сцена.Десетте актери успеаа да го направат невозможното-гледачот да ги засака и разбере сите тие што го живееле овој неразумен живот кој им бил наметнат од историјата.

Нашиот клас ја обработува темата за комплицираните врски помеѓу полјаците и евреите во текот на втората светска војна.Настан кој се случил во 1941 кога полските католички соседи упаднале во домовите на евреите со кои пораснале, ги заробиле и убиле.Режисерот на претставата Ханан Снир ја доби наградата за најдобар режисер за оваа претстава за 2015 година.Izraelska Prestava - 3

Драмата е локална и истовремено универзална ,која носи порака историјата да се запамети но да не се повтори.

Снир е директор на театарот Хабима, неговите дела вклучуваат класична драма, изворна израелска драма, адаптации на новелите на Амон Оз и модерни интернационални драми.

Добитник е и на наградите Најдобар режисер на годината и најдобра изведба на Антигона во 2008 година, но и номиниран за наградата за животно дело.

Во Битола, амбасадорот на Израел, ја одбележа и дваесетгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Република Македонија и Република Израел,а претставата беше дел од одбележувањето на јубилејотIzraelska Prestava - 4.

Истата ги доби и наградите за најдобра продукција -преведена драма 2015, награда од Полска, најдобра кореографија Мири Лазар.