4000 денари субвенција за велосипед

0
6506

На денешната седница на советот на општина Новаци меѓу другите одлуки, донесена е и одлука да се субвенционираат граѓаните кои ќе купат велосипед. Како што вели градоначалникот Котевски, единствен услов е да се биде жител на Новаци.

Процедурата е следна, објаснува тој,  треба да се одбере местото од каде што ќе го купувате велосипедот, општината плаќа до 4000 денари,  а разликата на товар на купувачот.

За оваа акција Субвенција за велосипед, проектирале 400.000 денари или 6700 евра.

Тоа пак значи дека 100 жители од општина Новаци можат да си купат велосипед.