42 загинати, неколку стотици луѓе повредени во Турција

0
1977

Во Анкара и Истанбул владее хаос и се уште се слушаат звуци на пукање и експлозии по обидот на дел од припадниците на турската војската да ја преземат контролата на државата од претседателот Ердоган.

Најмалку 42 лица загинаа, а 1.000 лица се повредени во целата земја.

Владините медиуми во Турција јавуваат дека уапсени се 754 луѓе.

„Си-ен-ен“ објави видео на кое се гледа како припадниците на војската се предеваат на мостот на Босфор во Истанбул.