43 социјални станови во Демир Хисар и Ресен

0
1703

25 социјално загрозени семејства од Демир Хисар и 18 од Ресен  ќе добијат нови живеалишта. Премерот Груевски ги пушти во употреба новоизградените станбени згради наменети за лица со социјален ризик и други ранливи категории. Целта е да им се олесни животот на најпогодените граѓани во земјава. Принципите на хуманост, социјална правда и солидарност се едни од основните начела на кои се поставени политиките на Владата, истакна Груевски.

gruevski

 

Изградбата на објектите е дел од проектот на Владата за изградба на 2.500 социјални станови, станови за млади брачни парови, за лица со ниски примања, за деца без родители и за комерцијална продажба.

blazevski

Градоначалникот на Демир Хисар рече дека после 30 години се гради ваква зграда во оптината. А во рамките на ОУ „Гоце Делчев“ од Ресен беше пуштено во употреба ново тениско игралиште, дел од проектот на Владата за изградба на 120 тениски терени ширум Македонија чија што вредност на инвестицијата била 7 милиони денари . А беше пуштена во употреба и плажата во Стење

strezoski

Распределбата на становите ќе се одвива електронски, процес кој ќе стартува месецов. Се очекува кон средината на септември Министерството за транспорт и врски да ја финализира постапката

Премиерот, како и градоначалникот на Општина Ресен Ѓоко Стрезовски, потсетија на реализација на повеќе проекти, меѓу кои реконструкција на патишта, водоводен систем, локални патишта..