441 сообраќаен прекршок за една недела

0
169

Во текот на изминатата седмица од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, при сообраќајни контроли се контролирани вкупно 1794 возила,при што се констатирани 441 прекршоци и тоа:

Во 30-случаи е констатирано присуство на алкохол кај возачите,
66-случаи на управување на возило без возачка дозвола
52-нерегистрирани или со измината важност
4-технички неисправни возила
35-некористење сигурносен појас
10-користење на мобилен телефон при возење
3-минување на црвено светло
1-првенство на минување
25- учесници писмено опоменати

115-останати прекршоци по законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Во текот на седмицата на територијата на СВР-Битола се случени вкупно 15-сообраќајни незгоди во кои нема последици со загинати лица.

Во 2 сообраќајни несреќи 2 лица се здобиле со ТТП
во 3 сообраќајни несреќи со ТП се здобиле 5 лица и во
10 сообраќајни несреќи предизвикана е материјална штета.

СВР-Битола преку Отсекот за Превенција и Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата минатата недела исто така реализира “средба со претставници на такси здруженија” од Битола заради подобрување на состојбата во градскиот сообраќај како и почитување на правилата и прописите во сообраќајот.ПС Прилеп поднесе кривична пријава против Б.Ѓ.(34) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. На 16.03.2015 година во Битола од страна на полициски службеници извршен е преглед над пријавениот кај кого пронашле и одзеле 0,71 гр наркотична дрога хероин.