5 години болница Плодност

0
885

За да ја продолжат нивната долгогодишна приказна и традиција во гинекологијата и In Vitro оплодувањето, а со цел грижа за женското здравје и совршеност, како и грижа за идните поколенија, од гинеколошката ординација „ПЛОДНОСТ” заедно ја создадоа „БОЛНИЦА ПЛОДНОСТ” во која вработија тим кој може да одговори на квалитетот на понудените услуги. Нивното 5 годишно постоење го заокружија со стручен состанок , акредитиран од лекарската комора на Македонија , на кој што ги изнесоа нивните резултати од досегашното работење .

Во болницата работи специјализиран кадар од 15 доктори специјалисти, 2 доктори специјализанти, 1 дипломиран фармацевт, 2 биолози – ембриолози, 30 дипломирани медицински сестри/акушерки, 3 дипломирани лабораториски аналитичари, 1 радиолошки технолог и 1 дипломиран фармацевтски техничар. Останатиот персонал извршува работни активности од техничкиот делокруг на работа. На денешниот јубилеј со свои презентации се претставија тројца доктори . Проф. д-р. Јозеф Мајер од Клиниката во Велс, Австрија и кантонската болница во Базел Швајцарија, потоа д-р Таше Трпчевски кој одржа предавање на тема ” Пет годишна примена на ендоскопската хирургија во нашата болница-каде сме ние сега?” и прим д-р Раде Бјелиќ .

На нивниот 5 годишен јубилеј ги посочија нивните цели кон усовршување на квалитетот на работа на сите нивоа, како и воведување на најсовремени дијагностички и терапевтски методи. Стручниот колегиум додели благодарници на нивни пријатели и колеги за долгогодишната соработка. Од болница Плодност највија дека во 2017 година во месец мај и јуни ќе одржат стручен состанок со пренос во живо од болницата на кој ќе извршат ендоскопска хирургија, на која ќе присуствуваат и претставници од странство.

Без коментари