5 минути со Сузана Турунџиева

0
656
  • Ретки се оние лица на македонската сцена кои остануваат активни и препознатливи и после неколку декади, како што е случај со Сузана Турунџиева. Таа веќе три децении е присутна на музичката сцена, во меѓувреме е активна и на телевизија како водител, а во последните години нејзиното име го сретнуваме и на кориците на книгите кои излегуваат од нејзиното перо – до сега веќе 3 на број.

Пред своите пријатели, колеги и поддржувачи, во Центарот за култура Битола ја промовираше својата нова книга насловена „5 минути“.

5 минути е ода за животот, потрага по добрина.

Книгата после Битола ќе биде промовирана во Куманово, Струмица, Кавадарци, Валандово, Прилеп, Кочани и други градови низ Македонија.

– Книгата со асоцијативен наслов на читателите ќе им загатне дилема колку пати досега знаеле да ги препознаат своите 5 минути, а со неколку извонредно отсликани карактери и нивни судбини, дефинитивно ќе го сменат менталниот код-истакнуваат рецензентките Гордана Таневска и Гордана Такец .

Ако се земат во предвид и трите збирки со мисли и цитати, „5 минути“ е шестта книга објавена во изминатата деценија. Романи се вкупно 3, од кои два се автобиографски и се однесуваат на остварените и неостварените соништа на Сузана, на сите подеми и падови низ годините и на сите личности кои таа ги запозна на патот до нејзиното себеспознавање.