5 роденден на Студентското радио во Битола

0
341

Студенското радио со својата богата и разновидна програмска содржина секодневно ги информира студентите и младите луѓе во Битола за се она што се случува во факултетитеи ги едуцира и забавва со македонска музика.

Она што може да се истакне како придобивка од работењето на ова радио е тоа што досега повеќето волонтери оствариле практична работа и директно се запознале со она што значи новинарство и работа во медиум .

Во овие 5 години во овој медиум досега волонтирале над 100 студенти, емитувани се 30 емисии од различни сфери,  и многу музика.

На денешниот нивни роденден ги посетивме колегите од радиото.