5-та ревија на Славица Котевска Цаци

0
2158

Модната дизајнерка од Битола, Славица Котевска Цаци, пред вљубениците во модата ја претстави својата прва самостојна ревија. Претходните години беше дел од модните недели кои се организираа во Битола.

Присутните имаа можност да погледнат 14 модели, од кои повеќето од нив вечерни тоалети. Инспирацијата за оваа колекција е од пајажината.

Процесот на работа траел подолго време со оглед на тоа што моделите се и рачно работени.

Ревијата беше во организација на Агенцијата за мода, култура и уметност „Метрополис“ од Битола.

Истата ја следеа бројни пријатели и соработнции на Цаци, како и дел од битолските модни дизајнери.

Новата колекција на битолската модна дизајнерка Славица Котевска – Цаци остави силен впечаток кај публиката која беше присутна во голем број.