5-та самостојна изложба на Јадранка Главинче

0
282

Во битолскиот Завод и Музеј беше промовирана изложбата на слики во комбинирана техника на Јадранка Главинче.

Се работи за 5-та по ред самостојна изложба на авторката, во која се застапени 50-тина дела со различен формат и различна техника.

Главинче, од најмала возраст е опкружена со уметноста, а посебно со сликарството, преку творештвото на нејзиниот татко, академскиот сликар Борислав Траиковски.
Делата на оваа изложба се изработени во техника масло и акрил на платно во поголем формат.
Карактеристично за оваа изложба е експресијата и стабилноста на ликовниот израз и од аспект на композиција и од аспект на бојата, со што достојно промовира и афирмира еден модерен правец кој ја привлекува ликовната публика.