5-та самостојна изложба на Зимбакова со наслов-Микориза

0
172

Кристина Зимбакова ја претстави својата 5 -та самостојна изложба со наслов Микориза.

Во делата што беа претставени на изложбата на отворено, доминираат габите и лишаите како медиум, а некои се посветени на Голем Град или во нив се употребени интересни или ретки видови габи карактеристични за островот.

Микориза е симбиоза помеѓу габа и корења на васкуларно растение.

Izlozba_Resen_-_2.jpg

Сликите се во комбинирана техника, при што се користени и акрил, борова смола, рачен вез, дрвени струготини, влакна од коноп, рафија, иситнета хартија и пеперутки. Габите и лишаите се добиени од суви збирки или преку лични теренски истражувања, во соработка со научниците од Природно-математичкиот факултет во Скопје, особено околу одредувањето и податоците за видовите.

Често авторката ги комбинира поетските мотиви со ликовните дела.

Izlozba_Resen_-_1.jpg

Изложбата беше поддржана од канцеларијата на програмата за развој на Обединетите нации во Македонија, во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на биолошката разновидност .

Кристина Зимбакова негува симболичен и експресивен израз, габите како медиум, богатата текстура како клучни обележја на нејзиното творештво. а учествувала и на повеќе групни изложби во Англија, Шкотска, САД и Словачка.

Нејзини дела има и во збирките на Универзитетот “Оксфорд” во Англија, Колеџот “Смит” во САД и Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон.