-5 во Битола

0
486

Со измерени -13 степени утрово, Маврово е најстуденото место во земјава. Во Лазарополе се измерени -12, – 11 во Крушево, – 8 во Претор, – 7 во Дебар, Крива Паланка и Берово, – 6 во Прилеп, – 5 во Охрид, Битола, Тетово и Куманово, – 4 Скопје, Штип и Виница, – 3 во Кавадарци, Струмица, Скопје Петровец, – 2 Дојран и во Демир Капија.

Најмногу снег има во Маврово – 46 сантиметри, 33 во Лазарополе, 25 во Берово, 23 во Крушево, 15 во Тетово, 11 во Претор, 10 во Битола, Крива Паланка, 9 во Штип, 5 во Охрид и Струмица и 3 сантиметри во Прилеп и Виница.

Метеоролозите за денеска предвидуваат нови снежни врнежи во западните планинските предели и дневни температури во земјава од – 6 до 1 степен.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно и студено време, особено во вторник и среда кога утринските температури на повеќе места ќе се спуштат под -12 степени, а повисоки дневни температури се очекуваат од среда.