50 години од матурската прослава на матурантите од горната гиманзија

0
6055

Годишнините од матура се прекрасен повод за обновување на пријателства и евоцирање на спомени. Прославата на матурата е едно доживување кое се памети цел живот. Ако месец мај е месец на матурите, тогаш месец јуни е месецот кога се прославуваат годишнините од матурата.
Со ведра насмевка и многубројни емоции беа некогашните средношколци од горната гимназија кои после 50 години од матурирањето се собраа повторно.

-Еден минутен почит покажавме и за оние кои починаја. Меѓутоа е многу пријатна средбата, има луѓе од разни професии. Се присеќаваме на разни убави доживувања од младоста, тоа е многу убав настан, одбележување на “30 годишнината од 20 годишнината”, изјави Душан Бојчевски

Оваа вечер значи еден цел живот вели Бранко Радовановиќ сеќавајќи се на интересните мигови поминати со своите соученици. И ден денеска до бескрај се почитуваме, вели тој.

За оваа генерација се вели дека е синоним на успешни и многу познати личности во многу свери на живеење.

– Се среќаваме со луѓе кои години не сме ги виделе. Меѓутоа задоволство е навистина големо, бевме страшно силна генерација, завршивме факултети и во други држави, има многу лекари, правници , дипломати , изјави Панде Манојлов

Организатор на генерациската средба беше Даринка Јошевска, која вели дека е тешко да се организира ваква прослава, особено кога тие биле најбројна генерација.

– Имаше 8 класа од 4-1 до 4-8 преголема генерација и сите раштркани на сите страни, така да многу имаше и што се во странство а некои и дојдоа, собирањето беше претешко затоа што многу од нив ги имаја променато адресите на живеење, но мислам дека сепак успеавме околу 70 души да се собериме , сепак е убава бројка .
Но што за неа претставува оваа вечер?

– Ми значи многу, имам дури морници по рацете, да видиш некој по прв пат наеднаш така, се враќаат спомените како ги имитиравме професори, се имитиравме меѓу себе, имаше заљубувања но и неостварени љубови, изјави организаторот Даринка Јошевска

За оваа генерација карактеристично е тоа што се оствариле големи љубови. Таков е примерот со Спасе Стојановски и неговата сопруга. Како всушност тие се запознале ?

– Јас бев во 4-1клас а таа во 4-3 клас, често ги менувавме кабинетите, а посебно во долните простории имавме кабинет по математика а мојата сопруга Виолета знаеше многу математика и така се загледавме, заедно растевме. На 19 години љубовта е голема, искрена, поштена и така се задржа тој обичај да имаме долга врска , и покрај тоа што 4 години студирав во Скопје изјави Спасе Стојановски

Нивниот повторен собир беше ден за навраќање во историјата и во едно гордо и незаборавно минато. Тие се воедно и првата генерација што биле најбројни во тоа време. Иако во далечната 1966/67 година во мај матурирале 270 ученици.

Прославата на 50 годишнината од матурата на герерацијата 66/67 година се одржа во ресторант Белведере.