50 години постоење академско КУД.Даме Груев

0
282

По повод 1100 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски, во Народниот театар во Битола, се одржа свечен концерт на академското КУД. Даме Груев, а во организација на истоименото академско здружение. Концертот беше одржан и во рамките на одбележување на јубилејот 50 години постоење на ова друштво, кое во текот на изминатите години настапи на повеќе светски сцени.

Значајна е соработката со сите културно уметнички друштва па така и оваа вечер гости на концертот беа КУД. Илинден и ФА. Битола.

На манифестацијата беа врачени и награди и признанија за сите соработници на друштвото како и основачите.

Веќе следниот ден, за сите љубители на класичната музика, по повод 1100 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски, НУУБ. Св Климент Охридски и камерната опера Кирил Македонски, го организираа свечениот концерт на маестро Борис Трајанов, оперската првенка Весна Гиновска Илкова и виолинистот Игор Милевски.